Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во спортската сала Куманово, наредната среда во 18:30 часот, силите ќе си ги одмерат девете најдобри ракометни екипи, Металург - победникот на националниот куп и Вардар - шампионот на Македонија.
Македонскиот Суперкуп во Куманово е во организација на ЖРК Куманово и Општина Куманово, а можноста за ваква организација ја доби, откако претходната сезона успешно го организираше завршниот викенд на Купот во Македонија.
Ова ќе биде третото издание на македонскиот Суперкуп. Минатата сезона Вардар беше поуспешен од Металург со резултат 33: 24. А пак во првото издание на Суперкупот, Металург беше поуспешен од Еурофарм Работник, со резултат 30: 25.