Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Куманово вчера беше домаќин на Државното првенство во атлетика за основни училиште, кое петта година по ред се одржува на атлетскиот стадион во Соколана.
На натпреварувањето учествуваа 300 атлетичари од 37 училишта од сите градови во државата. Федерацијата на училишни спортови за најдобрите обезбеди медали и дипломи, а учениците се натпреваруваа во трки на 100 метри, фрлање ѓуле, скок во височина и скок во далечина.
Од Куманово најмногу медали освоија учениците од „Кочо Рацин“ и „Браќа Миладиновци“ , а успешни беа и атлетичарите од „Крсте Мисирков„ и „Магдалена Антова“. Анастасија Петровска и Марија Томиќ освоија златни медали во дисциплините 100м и 300м како и 3 место во штафетата 4х100м.
„Сите ученици кои ќе освојат прво, второ и трето место, дипломите ќе ги валоризираат за упис во средните училишта и добивање на стипендии, а ќе учествуваат и на еднонеделен камп во Охрид, со еминентни стручњаци и тренери, каде покрај дружбата и забава на тренажен процес ќе ги подобрат своите психофизички спобности. Ние го имаме еден од поубавите атлетски полигони во државата и тоа е предност затоа што децата имаат можност да се натпреваруваат на вистинска атлетска стаза и полигон и да постигнат најдобри резултати, - изјави Миле Јордановски од Сојузот на училишни спортови Куманово.
Од Федерацијата на училишни спортови се заблагодарија на домаќините: градоначалникот и претседателот на училишни спортови за одличниот прием и можноста младите генерации преку спортот да создадат позитивна енергија и дружење.
„Атлетиката е темелот, базата, кралицата на спортовите и она што во последниве години е присутно, се формираат училишни спортски клубови и со атлетика се анимираат дури и децата во одделенска настава што е голем успех. Ова што денеска го гледам овде ми дава за право да кажам дека овие ученици кои се најдобри во своите атлетските дисциплини доколку продолжат да се усoвршуваат во атлетските клубови еден ден ќе станат наши репрезентативци кои ќе презентираат државата надвор од земјата, -изјави Александар Туфекчиевски, претседател на Федерација на атлетската федерација.
Спортската манифестација за отворена ја прогласи градоначалникот Зоран Дамјановски.