Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб Куманово, во наредната сезона ќе даде предност на домашните кошаркари, бидејќи странците не ги исполниле нивните очекувања, најави градоначалникот Зоран Дамјановски.
Ваквиот пресврт во одлуката на управта, која фаворизираше играчи од надвор, уследила откако „странците„ не успејале да го дигнат квалитетот на играта за освојување на домашното првенство и регионалното натпреварување во БИБЛ лигата.
„Кошаркарскиот клуб Куманово оваа година ќе претрпи одредени реформи, во однос на структурата на играчите. Она што го имаме како искуство во изминатите 5-6 години, со постојано донесување на играчи од странство и регионот не ги даде посакуваните резултати, не дадоа видни подобрувања во однос на квалитетет на нашите домашни играчи, така да ќе се ориентираме на поголем процент домашни играчи и играчи од општината. Тоа ќе биде наша заложба,- изјави Дамјановски.
Тој додава дека управата го изградила брендот на кошаркарскиот клуб Куманово, меѓутоа случувањата во федерацијаата ги изневериле нивните заложби за квалитетен спорт.
Управта на кошаркарскиот клуб Куманово со години наназад беше критикувана од спортската јавност дека фрла големи пари на странски играчи со сомнителен квалитет, кои го напуштаа тимот во клучни моменти и со тоа нанесуваа непроценлива штета на клубот. На сметка на таквиот непрофесинализам, на домашните кошаркари не им се даваше шанса да влезат во тимот, да созреат како играчи и да го покажат својот потенцијал.
Поради тоа локалната самоуправа најави подршка на повеќе клубови од градот се во интерес на спортот.