Второ и петто место за Куманово 2006
17.05.2017 11:53
| KumanovoNews
Изминатиот викенд на Скопскиот саем се одржа државното првенство во Кик бокс и ММА дисциплини во сите категории каде што учество зедоа повеќе од 100 натпреварувачи од 25 клуба од државата.

За Куманово 2006 настапија Давид Спасовски во јуниорска конкуренција (кик лајт до 79 килограми) и освои второ место. Ова е прв настап на Спасовски на првенствата и прикажа одлична борба во финалето.
Прв настап во младите категории имаше и Лука Велковски во истата дисциплина само во категорија до 65 килограми, но беше поразен во четвртфиналето.
Во клубот се задоволни од постигнатите резултати и очекуваат нови успеси во иднина.