Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Најдобрите кошаркари од Западната конференција ги совладаа конкурентите од Истокот со резултат 148:143.
На собирот на сите ѕвезди одржан во Лос Анџелес најдобар поединец беше Коби Брајант со 37 поени и 14 скока, по што беше прогласен за МВП на натпреварот. Со овој трофеј се изедначува со легендарниот Боб Петит.
Од Истокот најефикасен беше Леброн Џејмс кој забележа трипл-дабл подобар дури од оној на Џордан со 29 поени 12 скока и 10 асистенции. Западот беше подобар во текот на целиот дел, но имаше мало опуштање пред крајот на мечот кога резултатот стигна и до 2 поени разлика. Сепак Дјурант и Гасол беа незадржливи и на крајот и донесоа победа на својата екипа.
Во предходните натпреварувања одржани за време на Ол стар викендот, Стивен Кари беше победник во натпреварот во вештини, Џејмс Џонс во натпреварот во тројки, а миленикот на домашната публика Блејк Грифин победи во натпреварот во забивања.
Во публиката имаше многу познати имиња како глумците Дастин Хофман, Џек Николсон, режисерот Спајк Ли, пејачите Бијонсе, Џеј Зи, Ријана, Лени Кревиц, Снуп Дог и други.