Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово утре во 20:45 ќе го играат првиот натпревар од Купот на Македонија, кој ќе се игра во салата Борис Трајковски во Скопје.
Како и минатата година, противник ќе биде големиот ривал Лирија од Скопје. Во тој натпревар, Лирија беше поуспешна со резултат 90:85 што е мотив плус за нашите кошаркари во пресрет на утрешниот меч.
Лирија е наш голем должник, и одиме на победа. Истото важи и за сите останати натпревари и ќе се обидеме да оствариме највисок пласман - изјави претседателот на клубот Виктор Божиновски.
Ждребката одлучи Куманово да се наоѓа на полесната страна, па доколку издвојуваат победа кумановчани ќе се сретнат со победникот од од натпреварот помеѓу Кожув и Вардар.
Бранителот на титулата МЗТ Скопје денеска од 18 часот ќе игра против екипата на Струмица, а победникот на тој дуел ќе игра од подобриот од натпреварот помеѓу Фени Индустри и Работнички, кој започнува во 20:45.