Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Бал фор Лајф утре ќе го започнат третиот круг на натпревари, а прв противник на кумановската екипа е Дино Баскет од Кочани.
Дино Баскет ги загуби двата досегашни дуели со Бал фор Лајф. Во првиот натпревар во Кочани, Бал фор Лајф победи со резултат 73-80, а во вториот дуел што се одигра пред неколку недели во Куманово, Бал фор Лајф беше убедлив со 90-55.
Утрешниот натпревар ќе се игра во Кочани и ќе започне во 18 часот.
Кумановскиот состав до крајот на првенството ќе одигра 2 натпревари на домашен терен против екипите на Овче Поле и Марфил Спорт, додека покрај утрешното гостување во Кочани, кумановчани ќе патуваат во Кичево и во Скопје каде што во последното коло ќе се сретнат со екипата на МЗТ Скопје.