Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипата на „Вин Мобиле“ е победник на овогодинешниот традиционален фудбалски турнир „Видовден“, кој го организира Обединетата српска заедница во Куманово.
Тимот во големото финале триумфираше над екипата „Кико мес“ со резултат 6-2.
„Сакам да и честитам пред се на мојата екипа која се бореше до самиот крај, натпреварот беше тежок, динамичен, имавме свои можности кои ги искористивме, беа силни противниците, се на се мислам дека беше добро финале за гледање. Мислам дека во последните минути имавме повеќе сила, издржавме, постигнавме гол, кај нив преовладуваше нервоза“-посочи Славко Арсовски, најдобар играч.
За најдобар играч на турнирот беше прогласен Славко Арсовски од Кико Мес, додека најдобар голман по одлука на жирито е Никола Стефковски од Вин Мобиле.
„Мислам дека се помина во најдобар ред, како и секоја година, се надеваме дека наредната година организацијата ќе биде уште подобра и помасовна. Солидно, млади се играчите, мислам дека ќе ја надградат својата игра следната година ќе бидат повторно повикани на турнирот. Оваа година имаше интерес сакаа да дојдат играчи од Србија, но заради европското првенство за млади и како што знаете и финанската состојба тој ни беше капацитетот да можеме да одговориме, и затоа и одевме на помал број на екипи“, - истакна организираторот Ненад Николиќ.
Наградите на најдобрата екипа им ги врачи градоначалникот Максим Димитриевски, додека на второ пласираната екипа пехарот го додели директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“ Даниел Стојчевски. На третото пласираната екипа признанијата ги додели организаторот на турнирот Обединета Српска Заедница.
(извор и фото ТВ Плус)