Женското ракометно дерби се игра во Куманово
04.10.2018 12:18
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово денеска во рамките на четвртото коло го играат дерби натпрварот против тимот на Пелистер од Битола.

Куманово досега одигра три натпревари на кои забележа две победи и еден нерешен резултат, па се наоѓа на делба на втората позиција на табелата. Пелистер во новата сезона влезе со засилени амбиции, и досега имаат две победи и еден пораз. Дербито се игра во салата на ОУ Перо Наков со почеток во 19:30.
На последниот натпревар што го одигра Куманово пред репрезентативната пауза, ракометарките беа подобри од Цемс 2018 од Скопје со резултат 19-38. Мила Трајковиќ беше најефикасна на натпреварот со 13 гола.