Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарките на Куманово продолжуваат со својата доминација, и со осум победи без пораз и нерешен резултат даваат до знаење дека имаат намера да ја одбранат титулата во домашното првенство.
Во недела и гостуваат на екипата на Пелистер 2012 која до сега има забележано три победи, исто толку порази и еден нерешен резултат.
Суперлига-жени оваа сезона е поделена во две групи, ЖРК Куманово се наоѓа во групата А и има осум победи во осум одиграни натпревари.
Главните конкуренти на кумановчанки, Вардар и Металург се наоѓаат во Б групата, каде што Вардар има 7 од 7, додека Металург има еден пораз во седумте одиграни кола.
Натпреварот помеѓу Пелистер и Куманово се во недела со почеток во 15 часот.