×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЖРК Куманово извиси за место во групната фаза од ЛШ

    19.06.2020 10:44 | KumanovoNews

    Женскиот тим на Куманово остана без пласман во најелитното европско натпреварување.

    ЖРК Куманово извиси за место во групната фаза од ЛШ

    Денеска излезе список со сите учесници за наредната 2020/21 сезона во групната фаза од Лигата на шампионите, на кој го нема Куманово.

    Тимот на ЖРК Куманово претходно се водеше како директен учесник според рангирањето на Македонската ракометна федерација, откако се ослободи единствено место кое води во првенството.

    Обезбедено место имаа 9, а за останатите 7 “среќни“ места за „вајлд-карта“ конкурираа 12 екипи. Куманово се најде во останатите 5 кои испаднаа на денешната организирана средба каде се донесе одлука за конечните учесници.

    Критериумите се базирани според квалитетот на спортската сала, телевизиска организација, публика и претходни резултати во ЕХФ натпреварувања.

    Поради голема конкуренција, предност добија подобрите клубови кои воедно се поранешни шампиони и финансиски помоќни колективи: Букурешт, Подравка Вегета, Крим Меркатор, ЦСКА, Реил Карго, Брест Бретањ и Бејтингем. Куманово не е сместено ни во двете екипи кои се водат како резерви.

    Од клубот се зачудени и револтирани од одлуката, и не знаат како дошло до промена на одлуката, бидејќи тие гo имале загарантирано местото на  Шампионатот. Сметаат дека е направена неправда на оваа млада и перспективна екипа.

    (Д.Давитковски)