Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарките на Куманово со победа ја стартуваа новата сезона. Тие беа подобри од тимот на Прилеп со резултат 29:23.
Првото полувреме беше неизвесно и заврши со резултат 14:14, иако гостите во тој дел од играта беа поконкретни.
Серијата од 4:0 во второто полувреме беше пресудна за натпреварот, а прилепчанки немаа сили да направат нов пресврт, по што следуваше серија до 5-1 за победа со конечен резултат 29:23.
Викторија Пеовска беше најефикасна со 10 гола, додека Александра Боризовска и Мила Трајковиќ постигнаа по 5 гола.
Кај гостите Јовановска го заврши натпреварот со 8 гола.