Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарките на Куманово, викендов на гостински терен во Подгорица, во рамките на ВРХЛ лигата забележаа две победи и го заземаа првото место на табелата.
На првиот натпревар со екипата на Груде (БИХ) забележаа победа со резултат 29:27.
Стрелци за Куманово: Александра Боризовска 6 гола, Леонида Гичевска 5 гола, Јована Кипријановска 5 гола, Ана Шарановиќ 4 гола, Тамара Ивановска 3 гола, Медеа Чокели 2 гола, Ангела Јанкуловска 2 гола, Мила Трајковиќ 1 гол, Васка Глигоријадис 1 гол.
Додека пак голманката Косановиќ имаше 7 одбрани на голот.
Вториот натпревар ЖРК Куманово го играше против првопласираната екипа на Црна Гора ОРК Рудар, каде забележа победа со резултат 25:22.
Сепак овој натпревар за нашите ракометарки беше неизвесен а на првото полувреме победник беше екипата на Рудар со еден гол разлика 14:13.
Постигнати голови на Куманово: Ивановска 1, Гичевска 4, Боризовска 1, Шарановиќ 3, Чокели 6, Јанкуловска 5, Кипријановска 5.