Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Женскиот ракометен клуб Куманово, скоро еден месец се подготвува за вториот дел од сезоната со новото засилување на голманската позиција.
Станува збор за Бисера Паскал, која доаѓа од екипата на Металург Скопје. Таа потекнува од клубот и веќе има настапувано во дресот на Куманово.
Ракометерките денеска ќе го играат првиот пријателски натпревар заради согледување на моменталната ситуација во тимот.
Подготвителниот натпревар ќе биде денеска од 19 часот против екипата на Овче Поле. Првиот тест во оваа пауза ќе се одигра на гости во Свети Николе и засега е единствениот закажан меч во претсезоната.
Суперлигата неофицијално треба да започне во првата недела од месец март, најверојатно на домашен терен.
(Д.Д.)