ЖРК Куманово со три младински и една сениорска репрезентативка
Четири ракометарки од женскиот ракометен клуб Куманово добија повик да ги бранат репрезентативните бои, што е показател дека женскиот ракомет во Куманово има светла иднина.

Александра Боризовска е повикана во сениорската репрезентација на Македонија, додека Мила Трајковиќ, Тамара Ивановска и Јована Кирпијановска се наоѓаат на поширокиот список во кадетска конкуренција.
Кадетскиот состав ќе се подготвува за Европско првенство кое ќе се одржува во Македонија, а на списокот се наоѓаат 25 ракометарки.
Александра Боризовска се наоѓа помеѓу најквалитетните 23 ракометарки во Македонија и денеска ги има започнато подготовките за бараж двонечот против Шведска, кој носи место на Светското првенство.