ЖРК Куманово започна со подготовки за ЕКВ купот
08.08.2019 13:13
| KumanovoNews
Во спортската сала на Куманово, на 14 и 15 септември, ќе се одиграат двата натпревари од првото коло на ЕКВ купот, помеѓу ЖРК Куманово и чешкиот претставник.

Кумановскиот тим, подготовките за натпреварот ги спроведува во салата на средното училиште „Перо Наков“ во Куманово.
Ракометарките се надеваат дека заедно со верната публика и полната трибина со навивачи ќе успеат да го елиминираат славниот тим на Славија и да ги израдуваат кумановците со успешни резултати.