Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарките на ЖРК Вардар СЦБТ остварија предност од два гола пред реваншот во Русија во осминафиналето на Купот на ЕХФ, откако го совладаа противникот со 30-28.
Кубан дојде во Скопје како голем фаворит, што го демонстрираа по првите 30 минути, кога на одмор заминаа со пет голови предност (17-12), но ракометарките на Вардар не се предадоа предвреме, па со фантастичното второ полувреме успеаа да направат пресврт и на крај да забележат минумална победа.
Вардарки вториот дел го добија со 17-10 и со тоа заминуваат во Русија на реваншот со два гола предност. Сега пред избраничките на Индира Кастратовиќ е да ја повторат играта од вториот дел и да го изненадат фаворизираниот ривал и во реваншот.