×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЖРК Вардар продолжува да се засилува

    30.04.2013 07:46 | KumanovoNews

    Руската репрезентативка Татјана Хмирова е ново засилување на амбициозниот тим на ЖРК Вардар. 23-годишната ракометарка ќе го носи „црвено-црниот“ дрес  во следните две сезони.

    ЖРК Вардар продолжува да се засилува

    Хмирова е еден од најдобрите млади бекови во Европа, со што четата на Индира Кастратовиќ добива уште една исклучително квалитетна ракометарка. Таа во Скопје доаѓа од екипата на Динамо Волгоград, за која настапуваше од 2005 година, и Вардар ќе и биде прво интернационално искуство.

    Ова е мој прв чекор на страна во европскиот ракомет. Јас сум многу среќна што мојот нов клуб е токму Вардар! За мене претставува големо задоволство што ќе имам можност да работам со врвни играчи, кои како и јас го избраа Вардар – вели Хмирова.

    За Хмирова дополнителен предизвик е тоа што во Вардар тренер ќе и биде Индира Кастратовиќ и верува дека токму овде ќе го оствари својот сон.

    Многу е интересно да работам со тренер кој и сам како играч има освоено титула во Лигата на шампионите! Јас имам сон да ја освојам Лигата на шампионите. Токму со оваа цел доаѓам во мојот нов клуб – истакнува Хмирова.