1.000 евра казна ако фирмите не пријават и-мејл
Сите фирми мора да пријават и-мејл адреса во централниот регистар во Македонија. Ако не го направат тоа до први април ќе се соочат со казни од 1.000 евра.

Казни се предвидени и за одговорното лице и тоа во висина од 250 до 500 евра, а предвидени се согласно измените на Законот за едношалтерски систем. Пријавувањето на и-мејл адресата е потребно и за доставување на податоци кои се донесуваат во електронска форма преку едношалтерски систем. Во централниот регистар тврдат дека постапката е едноставна и на фирмите ќе им бидат потребни само неколку минути за да ја спроведат. Пријавувањето на и-мејл адресата се врши со придружно писмо и образец во Централниот регистар на Македонија.