×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 12 милиони денари општината ќе потроши за културни манифестации

    24.12.2014 15:53 | KumanovoNews

    Општина Куманово во 2015 година ќе потроши 12 милиони денари за реализација на повеќе од 75 културни активности.

    12 милиони денари општината ќе потроши за културни манифестации

    И за следната година остануваат брендовите како Денови на комедија, Тамбурашки фестивал, Рома труба фест, детски фестивали, прослава на празниците на етничките заедници и друго. Пари ќе бидат одвоени за младите уметници и таленти, како и за прикажување на повеќе театарски претстави во Куманово.

    “Предвидени се пари за млади таленти, уметници, и за презентација на кумановската култура во Македонија и во странство. Културно - уметнички друштва и поединци кои имаат понуди за гостување во странство, така што имаме и тука ставка 500.000 денари. Предлагаме да го збогатиме театарскиот живот во Куманово, затоа  што во изминативе неколку години кумановци имаа можност само да ги проследат премиерните претстави на нашиот кумановски театар кои за жал се во многу помал број. Ќе понудиме соработка со Центарот за култура, театарот да заеднички овозможиме гостување и на други претстави од македонските театри и оние кои сакаат граѓаните да ги гледаат“ - изјави Жика Крстевски, раководител на сектор за култура и спорт во општина Куманово.

    За годинава и за наредната одвоените средства од општинскиот буџет за култура се идентични.