×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 170 години од изградбата на црквата „Свети Никола“ во Куманово

    19.12.2022 15:21 | Жаклина Цветковска

    Во црквата „Свети Никола“ во  Куманово денеска се одбележа патрониот празник  на заштитникот на немоќните,  сиромашните и на патниците и беше прославен 170-годишниот јубилеј од изградбата на овој соборен храм.

    170 години од изградбата на црквата „Свети Никола“ во  Куманово

    Во чест на големиот празник, во црквата е собраа многубројни верници и граѓани, а Кумановско – Осоговска епархија одржа свечена архиерејска божествена литургија со која чиноначалствуваше Повардарскиот митрополит  г.Агатангел,  во сослужение со надлежниот Кумановско – Осоговски митрополит  г. Григориј.

    Црквата „Свети Никола“ е една од најстарите објекти и претставува соборна црква на градот Куманово. Според датирањето спаѓа во црквите од преродбенскиот период и е единствена на Балканот во која е опфатена последната фаза на средновековната црковна архитектура.

    Денешната црква е изградена е во 1851 година врз темели на постара и помала црква која била еден метар под нивото на земјата и во неа се влегувало преку девет скали. Ја градел прочуениот  мајстор  Андреја Дамјанов од Папрадиште, а има и прекрасен живопис во куполите каде се претставени големите празници и иконостасот од познати македонски зоографи од 19 –тот век,меѓу кои и најпознатите Дичо Зограф и Андреја Дамјанов Папрадишки .

    Црквата е заштитена како споменик на културата, а меѓу кумановци  е  позната како стара црква - заштитник на градот. Луѓето ја нарекуваат  стара црква зашто на нејзините темели била изградена друга црква. Тоа е време кога имало борби за превласт помеѓу црковните власти. Од една страна биле  српските и грчките патријарси , а од друга страна  бугарските егзархисти кои не можеле да се нагодат кој да ја земе црквата, па сите служеле наизменично.

    Празникот посветен на Свети Никола го празнуваат голем број кумановци, кои имаат крсни слави, имендени и е меѓу најмасовните домашни слави. Станува збор за посна слава, а на трпезата  задолжително се наоѓаат, посно гравче, посна сарма и риба.