×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 287 деца со попреченост кои одат на училиште добија стипендии од Министерството за образование

    19.11.2020 12:41 | KumanovoNews

    Двесте осумдесет и седум деца со попреченост кои се запишани оваа учебна година во прво и второ одделение, добија стипендии од Министерството за образование и наука (МОН).

    287 деца со попреченост кои одат на училиште добија стипендии од Министерството за образование

    „Со тоа се поттикнува запишувањето на учениците со попреченост во редовното образование и се  поддржува инклузивното образование за секое дете, рече министерката за образование и наука Мила Царовска на денешното одбележување на почетокот на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, кој го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“.

    Проектот овозможува и туторска поддршка на овие деца, со што 30 тутори кои помина низ процес на обука ќе им даваат дополнителна поддршка на децата во совладување на наставната содржина.

    „Инклузивното образование е процес со кој треба да излеземе во пресрет и да одговориме на различните потреби на учениците, преку обезбедување на пристапност, соодветна поддршка, зголемување на нивното учество во учењето, во училиштето и во заедницата. Сето тоа вклучува разумно прилагодување на образовните содржини, соодветни наставни приоди и организација на воспитно- образовниот процес, за да се овозможи квалитетно образование за секое дете. Тоа истовремено значи и промена на нашите ставови, промена на ставовите во заедницата, но и на општеството во целина, дека сите сме еднакви, но дека имаме различни потреби. Како Министерство имаме јасна визија за обезбедување на инклузивното образование за сите ученици, работиме сите заедно за да донесеме вистинските решенија и ниедно дете да не биде изоставено “, укажа Царовска.

    МОН го донесе Упатството за начинот на соработка помеѓу основните училишта со ресурсен центар, центрите за поддршка на учењето и другите основни училишта, со кое се регулира начинот на поддршка, роковите и начинот на финасирањето на поддршката.  

    Министерката Царовска рече дека е спроведена анкета со сите посебни училишта и училишта кои имаат посебни паралелки, а кои треба да продолжат да функционираат како ресурсни центри и центри за поддршка, со цел да ги согледа нивните моментални капацитети и да се подготви план за реонизација, односно да ја определи територијата за обезбедување на поддршката.

    „Во финална фаза се подготовките за услугата од образовна асистенција, што ќе се испорачува согласно Законот за основно образование и ќе се финансира од Буџетот на МОН за 2021 година. Исто така, во тек е реализацијата на Проект за непречен пристап во 12 образовните институции низ државата – 4 основни училишта, 4 средни и 4 факултети преку Акциската програма на 2019-ИПА 2 – EU for inclusion, а градежните активности треба да почнат во првата половина на 2021 година, - велат од МОН.

    Евроамбасадорот Дејвид Гир рече дека преку овие стипендии ја поттикнуваме инклузивноста на лицата со попреченост.