Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пред три години на денешен ден на Интернет просторот се појави www.Kumanovonews.com - првиот електронски весник во Куманово. Оттогаш сме дел од вашето секојдневие преку информациите за актуелните случувања во нашиот град.
Изминатите години со нашата посветеност, објективност и професионално работење понудивме современ начин на информирање, кое во секој момент им е достапно на граѓаните. Истовремено се обидовме да ја пополниме празнината од непостоење на печатен локален медиум во градот. Според она што Вие ни го возвраќате и подршаката што ни ја давате, веруваме дека полека но сигурно ја реализираме нашата цел. Довербата кај читателите секојдневно расте, и тоа ни дава сила да продолжиме со несмалено темпо. Наши читатели се и оние што живејат и работат надвор од државата. Со тоа нашиот медиум ги надмина локалните рамки.
Во изминатите три години ги покривме сите актуелни теми на локалните случувања, бевме ексклузивни за многу информации, објавивме колумни, коментари,интервју, рубриката „По нашки„, која на кумановски начин ги пренесува новите трендови во градот, забава и спорт. Со нашите текстови помогнавме на многу семејства и луѓе кои беа во тешка матерјална состојба и бараа помош од општината и државата.
Но, се соочувавме и со проблеми. Технички, кадровски, финансиски, а најмногу со непочитување на авторските права, па често нашите информации ги читавме и слушавме во другите медиуми без притоа да се посочи изворот.
Сето тоа го издржавме, и постигнавме успех благодарение на нашите читатели, кои постојано не поддржуваат и ни укажуваaт на грешките. Секогаш ги прифаќеме добронамерните критики, и во иднина ќе биде така. Професионално и објективно ќе пишуваме за проблемите на граѓаните, а ќе бараме одговори од луѓето кои раководат со јавните институции.
Наскоро ќе понудиме нови содржини со кои се надеваме дека ќе ја оправдаме Вашата доверба.
Искрено Ваш KumanovoNews