×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 600 евра казна ако му кажеш на полицаец да чека ред

    04.04.2011 08:03 | KumanovoNews

     Кумановец платил 600 евра казна, бидејќи побарал полицаец да не влегува преку ред во една од канцелариите во СВР Куманово, каде што се вадат лични документи. Случајот кај Народниот правобранител, го пријавил човекот кој ја изгубил постапката пред полицијата и судот.

    600 евра казна ако му кажеш на полицаец да чека ред

    Граѓанинот не знаел дека човекот на кој ја упатува забелешката е полицаец, бидејќи не бил во униформа. Полицаецот повикал алфите, кои вербално го малтретирале човекот. Да биде целиот случај уште потрагичен, како сведоци биле сослушани само вработени во полиција и на граѓанинот му поднеле пријава за нарушување на јавен ред и мир - открива Насер Весељи, заменик правобранител во канцеларијата во Куманово.

    Според правобранителот, судот и полицијата се институции на кои кумановчани највеќе се жалат. Најмногу проблеми имаат при добивање на државјанство и лични докумнети, задржување во притвор, приведување и прекумерна употреба на сила.

     Полицијата своите вработени ги казнува само ако задоцнат на работа, а не и поради прекумерна употреба на сила. Поплаките од граѓаните ги проверува полициската внатрешна котрола, која не е објективна и не ги казнува своите колеги кои го прекшиле законот- вели Весељи.

    Во првите 3 месеци од оваа година за 15 одсто е згомен бројот на претставките за обезбедување на лични документи. Минатата година имале 21 предмет во кој граѓаните се жалат за приведување, задржување, прекумерна употреба на сила.

    Весељи додава дека се почесто преку институцијата правобранител кумановчани се трудат да ги остварат своите потрошувачки прва, како и правата во сферата на имотно правните односи, пензиско и инвалидско осигурување, социјална заштита.