Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Утре ќе се одбележат 70 години од загинувањето на народниот херој Кристијан Тодоровски Карпош.
По тој повод во 11 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред бистата во дворот на Спомен куќата на Карпош.
Во 12 часот во МКЦ “Козјак“ ќе се одржи академија по повод 70 години од смртта на народниот херој Христијан Тодоровски - Карпош, командант на партизанскиот баталјон “Јордан Николов - Орце“.
На свечената академија ќе им пригодни обраќања, премиерно ќе биде прикажан документарен филм за Карпош, по што ќе следува културно - уметничка програма. Поканети се гости од Скопје, Врање и Бујановац.
Одбележувањето на јубилејот е во организација на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, Сојуз на борци и Здружение на армиски и полициски ветерани.
Карпош загинал на 7 февруари 1944 година во с.Билјача, Србија во битка против бугарскиот окупатор.