×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Алармантна сигурноста на браните Липково и Глажња

    19.09.2015 10:35 | KumanovoNews

    Моменталната сигурносна состојба на браните со придружните објекти е алармантна за четири брани меѓу кои се Глажња и Липково.

    Алармантна сигурноста на браните Липково и Глажња

    Ова го соопшти министерот за животна средина и просторно планирање,  Нурхан Изаири при обраќањето на конференцијата на тема „Состојбата со водостопанската инфраструктура“ што се одржа на Градежниот факултет. Направен е теренски увид на 43 брани, при што е констатирано дека се во лоша сигурносна состојба.

    Шест брани се буквално препуштени сами на себе, а шест брани се запуштени до ниво што ги прави ранливи со неприфатлив ризик за околината. Тоа ни беше првиот сигнал дека е потребно да се предложат активности во насока на подобрување на ефикасноста на работењето и функционирањето на водостопанските системи - кажа Изаири.

    Потребни се радикални промени за подобрување на квалитетот на браните.