×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Не сме против запишувањето на повеќе деца во градинките, туку против сместувањето во импровизирани простории од ковид кризата, вели Ѓорѓиевска

    20.07.2023 13:14 | Оливера Пешевска

    Реалниот капацитет на градинката е 1.174 деца, а моментално се запишани 1.809 деца. Тоа се 635 деца повеќе, односо над 50 отсто од капацитетот согласно пропишаниот норматив. Со тоа се нарушува воспитно-образовниот процес, здравјето на децата и најважно нема еднаков третман на сите запишани деца.

    Не сме против запишувањето на повеќе деца во градинките, туку против сместувањето во импровизирани простории од ковид кризата, вели Ѓорѓиевска

    Од нас се бара да дозволиме запишување на повеќе деца во сите групи, вклучувајќи ги и групите во импровизираните простории од ковид кризата, одговори претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска на обвинувањата на СДСМ и директорката на градинската „Ангел Шајче“ Марина Алексовска, дека мнозинството во Советот, поради политичка пресметка оди спротивно на интересите на родителите и нивните деца, откако не даде согласнот за запишување на повеќе деца од постоечките капацитети на установата. 

    „Мнозинството во Советот на Општина Куманово никако не е против зголемување на бројот на деца во воспитните групи, затоа што такви одлуки се носеле со години наназад. Ние сме против барањето на директорката за зголемување на број на децата според проширените капацитети, кои важеа исклучително во ковид кризата, и со допис од МТСП се укинати. Да потсетиме, тогаш се бараше поголем простор за ист број на деца во групите поради можноста од ширење зараза. Сега тоа би значело сместување на деца во вонстандардни услови, односно во импровизирани простории, преградени занимални, ходници и трпезарии, и користење на заеднички тоалети од страна на различни возрасни групи. Реалниот капацитет на градинката е 1174 деца, со импровизираните простории за време на ковид кризата капацитетите се проширени на 1550 деца“, кажа Ѓорѓиевска.

    Таа праша зошто директорката овозможува држење места во градинката по свое лично убедување или по партиски клуч, додека децата на обичниот граѓанин се на листата на чекање.

    „Во потпишаниот договор со родителите стои дека после 3 неплатени сметки, еднострано се расинува договорот, по што родителите се влечат по судови, се докажуваат и плаќаат уште поголема сума која влегува во буџет на градинката. Овој договор покажува дека само парите се важни за раководството, а не и опфатеноста на поголем број на деца. Бидејќи никој нема увид во финансиско работење на градинката, прашање е на кој начин се користат средствата кои што се плаќаат од страна на родителите на децата, а коишто во голем број отсуствуваат од детската градинка и не се реален трошок“, продолжи Ѓеорѓиевска.

    Во однос на обвинувањата дека Општина Куманово не изградила градинки, претседателката ја праша Алексовска зошто таа за 20-годишното директорување не ги проширила капацитетите, бидејќи последните два пати е изберена од ресорниот министер.

    „Зошто досега не е побарано од министерството да се адаптираат просториите на поранешниот Пионерски дом или на Касарната во населба Карпош, бидејќи капиталните инвестиции се под директна надлежност на ресорното министерство“, кажа Ѓорѓиевски и ја повика Алексовска да се повлече од функцијата и да дозволи да дојде помлад менаџер, кој ќе има идеја и енергија да ги реши наталожените проблеми во интерес на градот, децата и родителите.