Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Земјоделците имаат обврска, во иднина, амбалажата од пестицидите да ја предаваат во собирни центри, од каде ќе се носи и уништува на депонијата Дрисла.
Ова е регулирано со Законот за фитофармација кој наскоро ќе се донесе и етапно ќе се спроведува. Земјоделците и вработените во аптеките ќе поминат обуки, ќе добијат сертификати и ќе знаат како да се ослободат од амбалажата, а при тоа да не ја загадуваат околината.
“Имаме акселератор во Дрисла и од Министерство за екологија ни кажаа дека ќе можат да уништуваат амбалажа од пестициди. И во другите земји од Европска Унија законот се спроведува етапно за да не им биде одеднаш тешко на земјоделците“ - кажа Ментор Зеќири, директор на Фитосанитарна управа на дешената обука во Куманово.
Земјоделците се интересираа за сите нејасностии околу новиот закон, а најмногу за тоа каде ќе го предаваат отпадот.
„ Се е соберено, исплакнето, но производителите не знаат каде се фрла отпадот, па не сме упатени ни ние“, - вели Оливера Кузевска, земјоделец од село Пчиња.
Со новиот закон државата ќе има поголема контрола во употребата на пестицидите и фрлањето на опадот. На денешната обука организирана од Фитосанитарна управа и Агенција за поддршка на развојот на земјоделството, учествуваа земјоделци, пчелари и вработени од земјоделски аптеки.