АМСМ: Блокади и магла на патиштата
Авто –мото сојузoт на Македонија ги известува граѓаните дека дел од патиштата се со намалена видливост поради магла.

Намалена видливост поради појава на магла има: Куманово – 30 метри, Скопје – 30 метри, Тетово – 50 метри, Штип – 30 метри, Сарамзалино – 50 метри, Петровец – 30 метри, планинскиот превој Кула – 50 метри, Велес – 50 метри, Неготино – 200 метри, Демир Капија – 150 метри.
Внимателно возење и прилагодување на брзината на движење препорачуваме на патните правци низ клисурите и планинските превои, каде е почеста појавата на поситни одрони. Ова особено се однесува за патните правци Катланово - Велес, Демир Капија - Удово и Маврово – Дебар.
Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини.
На граничните премини нема подолги чекања за влез и за излез од државата.