×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Асфалтиран дел од патот Старо Нагоричане-Никуљане

    09.11.2010 16:57 | KumanovoNews

     Во Старо Нагоричане, по повод Денот на Општината, денеска беше пуштен во сообраќај ново асфалтираниот пат кон селото Никуљане. Реализирана е само првата фаза од патот што ги поврзува двете села во должина од 1800 метри.

    Асфалтиран дел од патот Старо Нагоричане-Никуљане

    Обезбедени се средства и за втората фаза, така да жителите на Никуљане и Старо Нагоричане во почетокот на 2011 година ќе добијат асфалтиран патен правец, кој ќе биде прооден и пристапен за жителите на овие села и за пошироката околина. Овој пат ќе значи подобра комуникација помеѓу жителите и побрзо одење и доаѓање од едно на друго место - рече градоначалникот на Општината Старо Нагоричане Миодраг Јовановиќ.

    Работите ги изведува градежната фирма „Гранит„ од Скопје. Средствата се обезбедени од Агенцијата за патишта, и градоначалникот неможеше точно да каже колку средства се потрошени за оваа намена. На свеченоста по повод предавањето во употрба на патот присуствуваа претставници од општествено-политичкиот живот на општината и државата.