Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Прославата на 66-годишнината од Првото заседание на АСНОМ, која на 2 август ќе се одржи на Меморијалниот центар - Пелинце, a ќе се обрати претседателот Ѓорге Иванов.
На прославата ќе присуствуваат и делегации од локалната самоуправа. Цвеќе пред споменикот на АСНОМ ќе положи градоначалникот Зоран Дамјановски, со претседателот на Советот Виктор Цветковски и претседателката на општинската СДСМ Снежана Захариева.
СДСМ за нашите членови организира превоз. Досега имаме ангажирано 5 автобуси, а доколку има потреба ќе бидат обезбедени и повеќе. Тргнувањето е во 8.30 часот од пред зградата на Комитет-вели Захариева.
Задутре на празнувањето на Илинден ќе присуствуваат и делегација на Сојузот на борците и невладини организации.
По завршувањето на официјалниот дел од програмата што го организира Кабинетот на претседателот, ќе следува културно-уметничка програма.