×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Астеруд: Жените ќе го победат Груевски

    03.04.2011 08:27 | KumanovoNews

     Кординаторката на Клубот на жените на СДСМ Каролина Ристова Астеруд, синоќа на Трибина во Куманово најави дека сдсмовките ќе ја извојуваат победата на престојните избори.

    Астеруд: Жените ќе го победат Груевски

    Зборувајќи за улогата на жената во актуелната политичка состојба во државата, таа потсети дека добар дел од успесите во нивната партија во изминатиот период се должат токму на жените, кои се покажале како одлични познавачи на политичката работа на терен.

    Меѓутоа мора да признаеме дека сеуште каскаме во однос на застепеноста на партиските функции, исто како и на изборните листи. Пракса е жените да бидат застапени најмалку 30 посто од квотата, што е минимумот и затоа ние треба да се избориме на сегашните листи таа квота да се зголеми. Овие избори ќе бидат борба за неопределените избирачи, кои изнесуваат намногу од гласачкото тело.Затоа партијата треба да води сметка на сите изборни листи да стави личности, кои ќе добијат подршка од неопределените гласачи.Ние имаме такви квалитени жени, и затоа велам дека тие ќе го победат Груевски на овие избори- нагласи Ристова Астеруд.

    Во продолжението на трибината таа ја обвини власта дека ги уназадила првата на жените во последните години, бидејќи изготвува нереални програми и закони, а со кампањи ја омаловажува жената и настојува да ја врати наколку века наназад.

    Ја стимулира да раѓа повеќе деца, а потоа не и плаќа за тоа. Ни го зема основното право самите да одлучуваме за нашата репродукција, додека болниците и родилните сали се како од хорор филмови- рече Астеруд.        

    Во големата сала на Комитет на присутните им се обрати и претседателката на општинската организација на СДСМ Снежана Захариева и градоначалникот Зоран Дамјановски.