×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Атанасовска: Дамјановски политички ми се реваншира

    03.05.2013 13:39 | KumanovoNews

    Поранешната директорка на Домот за стари лица “Зафир Сајто“, Мирјана Атанасовска денеска го обвини градоначалникот Зоран Дамјановски дека ја сменил од функцијата поради политички реваншизам, бидејќи не ја поддржала неговата кандидатура за трет мандат.

    Атанасовска: Дамјановски политички ми се реваншира

    Таа тврди дека Дамјановски не ја заслужил нејзината лојалност, затоа што во изминатите години се однесувал диктаторски и се мешал во финасиското работењето на иституцијата, поради што е блокирана сметката.

    Општината изврши класичен упад во нашиот финансиски план и програма оневозможувајќи не да работиме, поради што нашите сметки се блокирани. Сите негови решенија што ги спроведуваше во изминатите 8 години преку негов близок приател, претседателот на управниот одбор беа на штета на оваа институција. Најдрастичен пример беа партиските вработувања на луѓе кои не ни беа потребни и не се вклопуваа во систематизацијата, кои моравме да ги плаќаме. Друг пример е од 2009 година, кога УО донесе одлука за издавање на 6 простории и една трпезарија под закуп на приватна ординација. Од тогаш наваму месечно губиме по 140 илјади денари или годишна штета од 1,7 милиони денари- вели Атанасовска.

    Таа додава дека “Зафир Сајто“ е во вештачки создадена криза и немаат пари да платат сметки за струја, да набавуваат лекови за старите лица  сместени во домот.

    Атанасовска вели дека и нејзиниот син го изгубил работното место во Општина Куманово заради реваншизам.

    Градоначалникот Дамјановски е надвор од земјата, па секретарот на Општина Куманово Валетина Алексовска, информираше дека не се работи за политички реваншизам, туку мандатот на Атанасовска завршил и морало да биде сменета од функцијата, што е согласно законите, а на другите вработени им завршил договорот за работа.

    Атанасовска беше директорка 4 мандати а за изборите даде подршка за противкандидатот на Дамјановски, Виктор Цветковски.