Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Граничниот премин Табановце – автопат на излез од државата царинските работници пронашле двајца Авганистанци сокриени во камион со портокали.
Товарното моторно возило со бугарски регистарски ознаки го управувал македонски државјанин,кој превезувал портокали од Грција за Унгарија.
По пристигнување на граничниот премин, при спроведување на царинските формалности возачот откако го исклучил клима-уредот слушнал тропање во ладилникот.
Случајот го пријавил и при преглед во камионот биле пронајдени две лица – мигранти од Авганистан без патни исправи. По извршената идентификација било утврдено дека лицата имале листа за привремен престој и работа во Грција.
Според изјавата на возачот, на 25 ноември портокалите биле натоварени во Аргос, по што возилото преку граничниот премин Меџитлија, влегло во државата без да бидат воочени некакви неправилности.
По завршувањето на сите формалности од страна на Царинската управа, лицата се предадени на службеници на Министерството за внатрешни работи за понатмошно постапување.