Автобускиот превоз редовен, но забавен
По големите врнежи од снег нема големи потешкотии во одржување на линиите во меѓуградскиот сообраќај. Според автопревозниците сообраќајот се одвива забавено по автопатот и магистралните патишта, а прекинати се само на линиите во селските средини.
90 проценти од сообраќајот се одвива нормално, а имаме проблеми кон селата во козјачието и которлак. Вчера не беа доволно чисти и патишата кон Скопје и Штип, па авобусите одеа со одредени задоцнувања. Автобусот за Арбанашко оди само до Драгоманце, а нема линиите кон Павлешенце и останатите села во тој крај- велат од „Југ-Турист„.
Од компанијата Јоцо-Турс информираат дека на патните правци што тие ги покриваат се целосно покриени.
Ние сме подготевени и нашите возила се опремени за работа во зимски услови и засега се оди според предвидената динамика- велат од „Јоцо-турс„.