Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Утре во селото Бајловце пред Задружниот дом ќе се одржат традиционалните Бајловски средби во организација на Општина Старо Нагоричане и Здружение „Козјачието во срцето“.
Според предвидената програмата во 11 часот гостите ќе ги поздрави градоначалникот на општината Старо Нагоричане, по што ќе следува: приредба од ученици од с.Бајловце, настап на КУД „Карпош“ со музичка програма,промоција на Здружение „Козјачието во срцето“, натпреварување за најдобра бајловска баница, лотарија,заеднички ручек и општонародна веселба.
За сите заинтересирани е обезбеден превоз од Куманово во 09.00 часот од пред хотел „Кристал“.