Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бањата Стрновац оваа година бележи за 20 отсто поголема посетеност во однос на лани, потврдуваат од јавното комунално претпријатије “Козјак“ од општина Старо Нагоричане.
Оттаму велат дека постојаното уредување на бањата привлекло поголем број гости од Куманово, соседните градови и градовите од Јужна Србија. Директорот на “Козјак“, Борко Соколовиќ планира следната година просторот околу бањата да биде засаден со дрвца, цвеќе, да се постават повеќе бекатон плочки и слично.
Поставувањето на видео надзор, уредувањето на бањата, оградувањето прилече повеќе комитенти. Посетители има до 20 септември, а потоа како што времето заладува така се намалуваат гостите. Ќе треба да подготвиме програма за работа за следната година, која ќе помине на Совет. Оваа година имаме за 20 отсто повеќе посетители од лани и се надеваме дека ќе биде подобро догодина - рече Соколовиќ.
Бањата најчесто ја посетуваат луѓе од Куманово, Скопје, Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, Бујановац, Прешево и Врање.