Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од вечерва на полноќ бензините Еуросупер од 95 и 98 октани, како и дизел горивото поевтинуваат за 1,5 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинства за 1 денар. Поскапување има само кај мазутот за 0,447 денари за килограм.
Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 89,00 (денари/литар)
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 91,00 (денари/литар)
- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 85,50 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 85,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 48,715 (денари/килограм)
Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,05%,поради пад на референтните цени на горивата на светските пазари.