Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Скопјанец и кумановец, излажале бизнисмен дека ќе му помогнат да не плати казна од УЈП за што му зеле 1500 евра.
Б.А.(43) од Скопје и И.Ј.(37) од Куманово, му ветиле на М.П. сопственик на ДПТУ “С.С“ ДООЕЛ од Куманово дека ќе му средат да не плати 3250 евра казна од УЈП, ако на нив им ги даде половина од парите. За оваа услуга тој преку И.Ј. на Б.А. му платил 1500 евра. Откако видел дека зделката пропаднала случајот го пријавил во полиција.
Б.А. ќе одговара за “измама“, а И.Ј. за “помагање“.