Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Благица Јовановска, раководител во ЈП „Чистота и зеленило„ од денеска е советник на СДСМ во Советот на Општината Куманово.
Јовановска на денешната седница положи заклетва и и беше верификуван мандатот.
Како советник ќе ги штитам интерсите на граѓаните и ќе се залагам за решавање на инфраструктурни проблеми кои ќе допринесат за подобрување на условите за живот во општината. Како човек кој работи во јавно претпријатие што се грижи хигиената и зеленилото во градот да ги добијат местото кое им припаѓа- изјави Јовановска.
Јовановска доаѓа на местото на Марина Манојловска која е назначена за директор во основното училиште „Браќа Миладиновци„.