Бранителите апелираат до кумановци да не одат на Кале
18.02.2011 16:09
| KumanovoNews
Членовите на Здружението на бранители 2001 од Куманово ги повикуваат граѓаните да се воздржат од заминување на протести и собири на Кале во Скопје.

Ние како директни учесници на воениот конфлик во 2001 година, најдобро знаеме што значи рушење, палење, убивање и подигнување на меѓуетничките тензии. Не сакаме тоа никогаш повеќе да не се повтори, затоа апелираме до сите граѓани независно од етничката и политичка припадност, или било кои групи, да останат со ладна глава и да ги приберат чувставата и да не наседнуваат на разни провокации и повици на насилие кон верските објекти - вели претседателот Предраг Петрушевски.