×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бранителите пред расцеп?

    16.02.2011 16:19 | KumanovoNews

     Една поголема група, членови на кумановското Здружение „Бранители 2001„ вчера се огласи со став дека покренува иницијатива за отчленување од Здружението во знак на незадоволство од раководство на чело со претседателот Предраг Петрушевски - Бинго.

    Бранителите пред расцеп?

    Незадоволни се од начинот, како што велат, на кој Петрушевски раководи, односно нераководи со здружението, а на чело на бранителите е избран да ги застапува нивните, а не личните интереси. Сношти групата незадоволни бранители одржа состанок на кој е повикан и актуелниот претседател Петрушевски, но тој не се појави на средбата.   

     „Овде сме собрани дваесеттина бранители, но јас ви тврдам дека уште најмалку десетпати по толку стоиме зад иницијативата за јавно изразување на незадоволство од начинот на раководење со Здружението и за смена на досегашниот претседател‘‘ - рече бранителот Гоце Делчев Тодев кој претседаваше со состанокот.

    Најмалку десетпати повеќе од присутните на состанокот како што рече Тодев, му се обратиле со барање за покренување иницијатива за отчленување од кумановското Здружение, односно за смена на актуелното раководство. Во бурна и на моменти жолчна расправа повеќемина бранители најголема замерка на Петрушевски му упатија затоа што „упорно одбива„ да свика годишно собрание и да даде отчет за својата работа и работата на Здружението. Тоа, според незадоволната група бранители, Петрушевски не го сторил ниту еднаш во изминатите четири години. Некои од бранителите му припишуваат и политичка обоеност кон актуелната власт.    

    „Ние немаме намера да го рушиме претседателот на Здружението, туку покренуваме иницијатива за отчленување од „неговото„ здружение. И така ќе се случи, на крајот Петрушевски ќе остане со 20-тина членови. Уште веднаш одиме со список и собирање потписи на бранители кои ја поддржуваат нашава иницијатива„ - рече претседавачот на состанокот Делчев- Тодев, кој воедно упати повик до широкото членство од регистрирани 1800 бранители од Куманово, слободно да се изјаснат за иницијативата.

    Во натамошните активности, како што беше речено на состанокот, паралелно ќе се работи и на прашањето дали кумановското Здружение ќа продолжи да дејствува самостојно или ќе се приклучи кон ,,Достоинство‘‘ на генералот Стојанчо Ангеловски.