Kумановските пингпонгари се пласираа на трето место на Државната јуниорска лига
Во Битола викендов се одржа петиот турнус од Државната јуниорска лига во пинг-понг за играчи до 19 години, каде младите пингпонгари на ППК "Куманво" во последните три кола забележаа три победи и го освоија третото место во оваа лига.

"По освојување на четвртото место во Прва лига за сениори и одиграниот бараж натпревар за влез во Супер лига, моите ученици по одиграни 12 кола и 9 победи и 3 порази го освоија третото место и се закитија со брнзен медал во Јуниорската лига и со успех го завршивме екипниот натпреварувачки дел во сезона 2024/25 година. Не очекуваат уште два настани до крајот на сезоната и тоа: Андреј Васевски и Јаков Јакимовски наредниот викенд треба да настапат на ТОП 8 за играчи до 19 години, каде очекувам да одиграат добро и да ги зацврстат своите позиции на Државната ранг листата во оваа категорија“, кажа тренерот на ППК "Куманово" Мики Трендафиловски.
Вториот настан е учеството на Јаков Јакимовски на Европската младинска олипијада во Скопје (ЕМОФ) што треба да се одржи во јули.