Брза помош со зголемена работа
26.07.2013 08:59
| KumanovoNews
Лекарите од Брза помош велат дека освен хронично болните, медицинска помош бараат и граѓаните кои се прејале или се каснати од инсекти.

Од големите жештини проблеми имаат хронично болните постари пациенти. Заради муслиманскиот празник има прејадувања почесто што не би требало да биде така. Како и секоја година во летните месеци почести се убоди од инсекти. Ако има некој аларгичен пак нас не повикува - вели Киро Џимревски, општ лекар во Брза помош.
На граѓаните им советува во ударните термини од 11 до 17 часот да не се изложуваат на сонце, а течности да внесуваат двојно повеќе од вообичаено.