Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Центарот за рурален развој “Бујрум“ изработија стратегија за подобрување на велотуризмот, реализираа акции за чистење на природата, креираа мрежи на невладини организации кои ќе работат на полето на екологијата, спортот, младите и туризмот.
Досега оддржаа неколку семинари и обуки на тема “Велосипедизмот во помош на природата“, а наскоро планираат да постават 5 постројки за велосипеди во центарот на Куманово и да обележат 3 велосипедски патеки секоја на 100 км во пограничнот реон на Македонија и Бугарија.
За велосипедската трка која ја организираа во рамки на истиот проект посетувајќи повеќе од 12 месности учесниците велат дека е извонредно искуство.
Професионалците многу се оддалечуваа од аматерите. Имаше нагли угорници накај Делчево и Лесновски манастир. На удолница дел од луѓето запишуваа максимална брзина со која можат да се движат. Најголема измерена брзина на удолнина имаше Горан Јаневски од Делчево со 86 км на час. На граница со велосипедите до себе луѓето поминаа и тоа беше возбудливо искуство. Луѓето кои беа од страна постојано застануваа, прашуваа за проектот кои се следните активности и покажаа желба да се вклучат - изјави Катерина Ѓорѓиевска, асистент координатор на проектот и учесник во трката.
Велосипедистите од Бугарија биле воодушевени од манастирите кои попат ги посетиле.
Во Бугарија нема манастири како Лесновскиот или Јоаким Осоговски каде може да се преспие. За нив ова беше прво такво искуство каде што на манастирско свето тло може да се преспие, да се одмори и утредента да се продолжи да се вози. Езерото Калиманци беше интересно за сите, особено крајбрежјето. Секогаш биравме места од онаа недопрена убавина за да се промовира покрај велосипедскиот, руралниот и еко туризмот - додава Ѓорѓиевска.
Од “Бујрум“ на граѓаните сакаат да им порачаат дека велотуризмот е достапен, практичен и добар за здравјето.