×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе падне единствениот мост за Кокино

    06.08.2010 08:45 | KumanovoNews

     По поплавите во мај, државниот инспектор за патишта донесе забрана за сообраќај на мостот, поради нарушена стабилност и оштетување на носечките столбови. Oд Агенцијата за патишта и ЈП „Македонијапат„ ветиле дека мостот брзо по оштетувањето ќе се поправи, но досега не е превземено ништо.

    Ќе падне единствениот мост за Кокино

     Мостот на реката Пчиња во село Драгоманце, Општината Старо Нагоричане, кој беше оштетен за време на големите пролетни полави сеуште не е поправен. За жителите на триесетина села и посетителите на мегалитската опсерваторија Кокино тој е единствената врска со Општината и Куманово, и секојдневно се користи, и покрај тоа што постои опсаност да се урне.

    По поплавите во мај, државниот инспектор за патишта донесе забрана за сообраќај на мостот, поради нарушена стабилност и оштетување на носечките столбови. Смее да се поминува само пешки, но жителите немаат друг излез преку реката и по мостот се движат и со трактори, камиони, автомобили, при тоа ризикувајќи ја својата безбедност. Мостот го поминуваат и автобусите со домашните и странски туристи, државни делегации и посетители за Кокино - вели Миодраг Јовановиќ, градоначалник на Старо Нагоричане.

    Локалната самоуправа добила ветување од Агенцијата за патишта и ЈП „Македонијапат„ дека мостот брзо по оштетувањето ќе се поправи, но досега не е превземено ништо. Во 2005 година, мостот истотака бил оштетен и делумно реконструиран,а сега попуштил делот на кој не било интервенирано. Селаните што живеат преку реката разочарани се од односот на надлежните државни институции.

    Треба ли некој да загине, па дојдат да го поправат мостот. Секој ден со страв поминуваме, ама немаме друго чаре. Ако надојде уште една голема вода целосно ќе го однесе и ќе останеме отсечени од светот - велат загрижено жителите.

    Драгоманскиот мост беше оштетен во големата поплава што се случи на 16 мај, кога надојдената вода на реката Пчиња се излеа од своето корито, поради што со хеликоптер беа вадени луѓето што ги зароби водената стихија. При тоа беше уништена целата патната инфраструктура и засеаните земјоделски површини. Општината Старо Нагоричане досега не добила ни денар за претрпената штета.