×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се гради индустриска зона во Ранковце

    05.02.2014 15:56 | KumanovoNews

    Започнаа градежните активности за изградба на технолошко - индустриската развојна зона во општината Ранковце.

    Ќе се гради индустриска зона во Ранковце

    Зоната се наоѓа на атрактивна локација на Коридорот 8 меѓу Куманово и Крива Паланка на 40 километри од граничниот премин Деве Баир кон Бугарија и на 50 километри од граничниот премин Табановце кон Србија.

    Во индустриската зона предвидена е изградба на 18 градежни парцели во два блока. За изградба на внатрешна патна, водоводна, канализациска и телекомуникациска инфраструктура Владата ќе потроши околу 12 милиони евра.

    Во близина се повеќе градови од североисточниот дел на земјата со многу жители кои можат да одговорат на потребите и барањата на инвеститорите за работна сила од најразличен карактер. Во близина се границите со Србија и Бугарија, а на околу 70 километри од аеродромот „Александар Велики", во близина на зоната поминува Коридорот 8, тука е магистралниот пат, но и железничката линија кон Бугарија. Сето тоа им нуди можност на потенцијалните инвеститори да бидат одлично поврзани и да можат да извезуваат со брз и ефикасен транспорт - изјави премиерот.

    Преку индустриските зони Владата настојува да привлече странски инвеститори и да креира нови работни места.

    Од основани 9 зони во земјава засега функционални се зоните во Скопје и Штип.