×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се ништат глувците во градот

    03.08.2010 10:58 | KumanovoNews

    Наредниот месец ќе заврши постапката за избор на изведувач за дератизација , по што   фирма што ќе го добие тендерот  ќе го реши повеќегодишниот проблем.

    Ќе се ништат глувците во градот

    Повеќе од 15 години во Куманово не е извршена дератизација на градската канализациона мрежа.Од Општината најавуваат дека тоа ќе го направат до крајот на летото, а од Центарот за јавно здравје предупредуваат дека пролонгирањето на дератизацијата може да доведе до инвазија на глувци и стаорци во градот, особено во зградите покрај реката Кумановка.

    Две години трае наезда на глувци и стаорци во селото Шупли Камен и околината, која може да се пренесе и во градот. Селаните постојано бараат помош да ги заштитат домовите и амбарите, бидејќи овој период од годината е идеален за нивно размножување.Ние веќе доставивме  конкретно програми и проекти до Општината и се надеваме на позитивен одговор во најскоро време - вели Предраг Ѓорѓиевски, епидемиолог при Центрот за јавно здравје од Куманово.

    Во првите шест месеци на подрачјето на Куманово била поставени над 900 стапици за глувци на 9210 метри квадратни простор, но тоа не помогнало. Стаорците постојано се множат, а најмногу ги има во коритото на реката Кумановка.

    За жал многу несовесни граѓани фрлаат смет во коритото на реката и тоа претставува проблем со кој ние неможеме да се справиме, а придонесува да се собираат глувците и стаорците на кејот. Наредниот месец ќе заврши постапката за избор на изведувач за дератизација, ќе одлучиме која фирма ќе го добие тендерот и се надевам дека полека и тој проблем ќе почне да се санира, односно ќе биде решен - вели градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Oд Општината веќе интервенирале во ловење на кучињата скитници, прскање против комарци и останале сретства уште за дератизација. За оваа намена се планирани околу еден милион денари.