Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ќе се постави нова ограда на Општата болница на улицата Сава Ковачевиќ што беше урната кога започна изградбата на зградата на Ургентниот центар.
Ова вчера го договорија градоначалникот и директорот, а градежните работи ќе започнат по празниците.
Директорот побара помош од локалната самоуправа за изградба на ѕидот кое е од посебно значење за безбедноста на болницата и ние тој предлог ќе го ставиме во развојна програма и по усвојување од Советот ќе го реализираме. Проектот ќе чини околу 1,5 милиони денари - рече градоначалникот Дамјановски.
Директорот на болницата Ариф Љатифи се заблагари за подршката и потсети дека ова не е прва помош на болницата од локалната самоуправа.
За изградбата на новата зграда на трансфузиологија и дијализа од локалната самоуправа добивме одобрение да не ги плаќаме комуналните давачки.Тоа е голема помош за нас бидејќи со заеднички сили работиме во интерес на пациентите- рече Љатифи.