Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во наредните денови, ветеринарите од Ветеринарна станица “Тодор Велков“, ќе направат анализа на крв на овци за да се утврди дали има бруцелоза.
Се очекува да земеме крв од 20.000 до 40.000 грли овци. Ќе бидат опфатени стадата овци на оние сточари кои со нас веќе имаат потпишано договор. Вакви анализи се прават секоја година. Ако се работи за бруцелоза, симптоми има, доаѓа до абортуси кај овците, малаксани се, но нашите сточари не се доволно едуцирани за да ја препознаат болеста - велат од “Тодор Велков“.
Тие објаснуваат дека скоро секоја година во кумановско откриваат овци заболени од бруцелоза.